Кина е иднината за Диего Коста


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на мадридски Атлетико, Диего Коста доби нова понуда од Кина и многу лесно може да се случи  мечот против Жирона да му е последен во дресот на Јорганџиите.

Коста после тој меч отиде во Бразил каде му следи операција на коска во левото стапало а потоа и пауза од скоро три месеци.

Според наводите до кој дојде италијанскиот новинар Алесио Алаимо, кинескиот суперлигаш Тианјин Куанјан спремил богата понуда за Коста, а која 30-годишниот напаѓач е спремен да ја прифати. Наводно неговиот агент Мендес и соопштил на управата на Атлетико дека од 1. јануари клубот мора да си бара замена.

Диего Коста на голема врата се врати во Атлетико во јануари оваа година. Се сметаше дека токму тој ќе биде кариката која ќе биде пресудна за важните натпревари, но тоа не се случи.

Тој не ги исполни очекувањата и ги разочара навивачите, па тие немат ништо против тој да замине.

Со оглед на моменталната ситуација Кина би била идеална дестинација за него.