Клаудио Раниери нов тренер на Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома вчера остана без тренер откако отказ доби Еусебио Ди Франческо.

Негова замена веќе пристигна во Рим. Тоа е искусниот Клаудио Раниери, кој неодамна доби отказ на менаџерската позиција во Фулам.

Раниери беше забележан на аеродромот во Рим утрово. Денес треба да има разговори со раководството на Рома и во текот на денот би требало да биде потврден како нов тренер на Волчицата.

Искусниот 67-годишен стратег ќе има улога на привремен тренер, а резултатите ќе одлучат дали во наредната сезона ќе работи како тренер на овој тим.

Ова на Раниери ќе му биде втор мандат во римската екипа. Претходно ја водеше Рома од септември 2009. до февруари 2011.година и имаше многу добри резултати.

Во првата сезона за малку ќе дојдеше и до титулата првак во Серија А. Меѓутоа Мурињо и Интер за два бодови беа поуспешни од Волчицата.

Раниери во претходните три години работеше во Лестер, Нант и Фулам, а претходно ги има водено великаните Интер, Јувентус, Челси и Атлетико Мадрид.