Клоп го откри главниот проблем во јануарскиот преоден рок


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот стручнак на клупата на Ливерпул Јирген Клоп го објасни главниот проблем во јанарскиот преоден рок.

Иако сеуште медиумите ширум Европа ги преселуваат најдобрите европски фудбалери од еден во друг клуб во текот на јануарскиот преоден рок, поголем дел од тие трансфери на крајот не се реализираат.

Клубовите многу ретко ги пуштаат своите најдобри фудбалери во текот на јануарскиот преоден рок, а Клоп пробуваше да објасни зошто е така.

„Разбирам дека е сосема нормално што луѓето прашуваат кога ќе купиме нови фудбалери. Ситуацијата е, од една страна многу едноставна, но од друга многу компликувана. Не е дека не сакаме нови фудбалери. Нормално дека сакаме. Работата е во тоа што, играчите за кои мислиме дека може да ни помогнат, клубот не сака да ги пушти. Тоа не е работата во парите, туку во моменталната ситуацијата, бидејќи е зимски преоден рок. Клубовите велат „не“ ние имаме уште пола година до крајот на сезоната и не можеше да пронајдеме така добар фудбалер. Пререрираме да земеме можеби и помалку пари на лето, но сакаме да го задржиме до тогаш“, рече Клоп.

Да потсетиме дека Ливерпул моментално е на 4 место од Премиер лигата со 45 освоени бодови.