Клоп: Дали Салах беше среќен? Нормално дека не


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мохамед Салах во досегашните седум натпревари во новата сезона на Премиер лигата успеа три пати да ја затресe противничката мрежа.

Тоа е некако слаб старт на сезоната за играч кој во минатото го собори рекордот по бројот на голови во Премиер Лигата, а оваа сабота, Јирген Клоп го извади од игра после 66 минути одиграни во дербито против Челзи.

Египќанецот се мачеше против Сините на средбата на која Стариџ донесе бод за Ливерпул откако влезе во игра.

После натпреварот новинарите го прашаа тренерот на Редсите дали мисли дека Салах бил среќен кога излезе од игра.

,,Секако дека не е. Како би бил? Секако дека не бил среќен, но тоа е нормална ситуација. Поради тоа постојат тренерите”- порача Клоп па истакна дека не е загрижен поради нешто ,,побавениот” старт на сезоната на Мохамед Салах.

,,Додека напорно работи се е во ред што се однесува до мене”- кажа Клоп.