Клоп доведува изненадувачко засилување во Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


МидЛиверпул во наредното лето може да биде засилен со изненадувачко засилување кое може да дојде од Мидлзборо.

Се работи за играчот за врска Гастон Рамирез кој во текот на јануарскиот преоден рок побара трансфер и заминување од клубот, но тренерот на Мидлзборо Аитор Каранка не сакаше да го пушти.

Тој во јануари се поврзуваше со заминување во Лестер, но се чини дека на крајот може да заврши во Ливерпул бидејќи тренерот на екипата од Енфилд Јирген Клоп е заинтересиран за неговите услуги.

Рамирез досега во Премиер лигата играше за Саутемптон и Хал каде што не се покажа баш најдобро, ново Мидлзборо игра многу подобро и поради тоа се најде на радарот на Клоп.

Ова секако ќе биде изненадувачи трансфер бидејќи не се работи за звучно име, но Клоп секако знае најдобро кој му е  потребен во овој момент.

Рамирез во оваа сезона одигра 17 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола со три асистенции.