Клоп за кризата на Салах: Сите очекуваа да игра како претходно, но ние – не!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го бранеше својот најдобар играч Мохамед Салах на прес-конференацијата за новинарите.

Салах е во голгетерска криза затоа што нема постигнато гол на последните три натпревари, но Клоп застана во негова одбрана.

„Секако дека сите од него очекуваа да продолжи како во минатата сезона. Колку гола даде во првите шест натпревари минатата сезона? Три. А, во првите шест сезонава постигна само два. Па, тоа не е криза. Само му треба малку повеќе време“, кажа Клоп.