Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стратегот на Ливерпул Јирген Клоп како и секогаш имаше оргинален коментар за најаважната ситуација на теренот.
Ливерпул дојде до три вредни бода на Викариџ Роуд во Вотфорд и ја продолжи борбата за пласман во Лигата на шампионите, но плановите на Редсите во 94 минута можеше да ги уништи Себастијан Предл, кој остана сам на втората статива, но неговиот волкеј наместо во гол заврши во пречката на голот на Симоне Мињоле.
Стратегот на Ливерпул Јирген Клоп како и секогаш имаше оргинален коментар на дадената ситуација.
„Им реков на играчите после натреварот, ако сакаат да ме убијат тоа беше добар начин да го пробаат тоа“, рече Клоп.
Бодовите може да бидат пресуди кога е во прашање конечниот пласман.
„Чувството е навистина добро, беше тежок натпревар, почнавме добро, но тогаш моравме да го замениме Кутињо, кој е многу важен играч, додека Лалана беше долго отсутен. Почнавме стрпливо и пробавме да дојдеме до вистински шанси. Голот нормално беше спектакурален. Јасно знаевме што сакаме да работиме и тоа го направивме, на никого не му е лесно да победи овде.
Имавме малку среќа, но нормалчно работевме за неа. Тие немаа многу шанси, но на нас ни беше тежко да се браниме. Моравме да бидеме внимателни и мислам дека момците тоа добро го одработија“, рече Клоп.
Ливерпул е трет на табелата, во последните три кола ќе ги угости Саутемтон и Мидлзборо, односно ќе гостува кај Вест Хем во Лондон.