Клоп има адут во ракавот: Се враќа тајното оружје во самиот финиш на сезоната?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп би можел да има и скриено оружје пред крајот на сезоната.

Се заостри трката за шампионскиот трон во Англија.

Евертон со бодот против Ливерпул го трасираше патот на Манчестер Сити кон првата позиција на табелата, такашто досега владее потполна неизвесност кога се работи за шампионската титула.

Кој има повеќе адути пред крајот.

Јирген Клоп имаше проблеми со повредите, а наскоро се враќаат голем број играчи меѓу кои е и Алекс Окслејд Чембрлејн.

Чембрлејн не играше една година, коленото е проблем, а имајќи предвид дека се врати во ритам и дека почна со тренинзите со тимот, Клоп одлучи прво да го проследи во У23 тимот на неколку недели.

Доколку се биде како што треба, овој фудбалер би можел да биде голем адут на Јирген Клоп во самата завршница за битката на тронот.