Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Англискиот голман Џо Харт долго време се поврзува со ПЛ.
Харт моментално брани за Торино каде што се наоѓа на позајмица од Сити, а медиумите пишуваат дека тој би можел да се врати во Англија на крајот на сезоната и да потпише договор со Ливерпул.
Англичаните го прашаа Клоп за ова, а тој имаше интересен одговор.
„Ние имаме навистина добри голмани. Го имаме Манингер кој доста му помага на нашиот тим и кој е голем професионалец. Имаме млади голмани во случај да ни требаат, а тука е и Вард кој е на позајмица. Нашата ситуација е најдобра. Многу сум среќен овие денови.“
Харт ќе мора да бара нов клуб во ПЛ.