Клоп: Некој да ми го понудеше ова, ќе платев колку и да треба


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во дербито на 21. коло на Премиер лигата, Манчестер Сити го совлада Ливерпул со 2:! . Домашните први поведоа, гостите успеаа да се вратат, а конечните 2:1 ги постави Сане.

Секако дека Сити можат да бидат задоволни што му пријдоа на главниот конкурент на 4 бода, но тренерот на Ливерпул Јирген Клоп исто така истакна задоволство со моменталната ситуација на табелата.

„Некој да ми понудеше на почетокот од сезоната дека после две дербија со Сити ќе имаме четири бодови предност, ќе платев колку и да побараше“, јасен беше Клоп.

Истакна дека неговиот тим не погоди неколку одлични прилики, додека Сити ја контролирал играта поголем период.

„Морам да признаам дека одигравме многу подобри натпревари оваа сезона. Тие среќно постигнаа гол одбивајќи се од стативата и тоа е така на вакви натпревари“, додаде Клоп.