Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул оваа зима е и повеќе од активен.
Засега немаше засилувања, но она што може да ги радува навивачите е низата потписи на многу важни фудбалери.
По левиот бек, продолжување на соработката потпиша и десниот бек, Трент Александер-Арнолд, потврди денес клубот.
Должината на договорот се наведува како „повеќегодишна“, но нема сомнеж дека пред потенцијалот од академијата на Ливерпул претстои блескава иднина на „Енфилд“.
„Возбуден сум и горд што имам привилегија луѓето од клубот да бидат покрај мене и што ми понудија нов договор. Немав дилеми кога ми предложија“, истакна 20-годишниот репрезентативец на „Гордиот Албион“.ж
Александер-Арнолд за „Црвените“ осигра 67 натпревари од октомври 2016. година.