Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Менaџерот на Ливепрул Јирген Клоп го коментираше високиот триумф на Тотенхем над Евертон со 6-2.
Според зборовите на германскиот стручњак, не треба воопшто да биде изненадување Тотенхем со оглед на играта на лондонскиот тим во оваа сезона.
„Го гледав тој натпревар, Евертон одигра и повеќе од солидно, но Тотенхем беше неверојатен и славеше убедливо. Не е лесно да им дадете шест голови на Евертон на гости“, ги пофали Спарси Германецот и додаде:
„Луѓето не треба да се чудат кога е во прашање Тотенхем. За мене тие постојано се кандидати за титулата. Има уште многу да се игра, сите тимови се во игра и никој не излегува од трката, ниту Арсенал ниту Челси не се отпишани“.
После 18 кола, Ливерпул е на првото место со 48 бодови, додека Тотенхем е трет со 42. На второ место е Манчестер Сити со 44 бодови.