Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот 18-годишен фудбалер од Аргентина, Марсело Торес, се наоѓа на мета најголемите италијански клубови.
Голем број на италијански клубови го следат младиот напаѓач од Аргентина по име Марсело Торес.
Ова момче сите ги импресионираше во првенството на Јужна Америка за играчи до 20 години, постигна дури пет голови во тоа првенство и не е ни чудо што привлече внимание кај големите клубови.
Може да одговори на барањата на позиција централен напаѓач, а може да игра и на крилните позиции, па е конкуренцијата од ден во ден се поголема за ова момче кое настапува за Бока Јуниорс.
Го нарекуваат „новиот Карлос Тевез“ во Аргентина, а што се однесува на неговиот договор, тој има 9 милиони откупна клаузула.
Сепак, Бока може да го продаде за 5 милиони и 20 % од следната продажба.
Наводно Јувентус е прв меѓу заинтересираните, го следи Интер, Сасуоло, Удинезе, Аталанта и Палермо.