„Клупата“ на Барселона против Алавес вредеше – 300 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона ја почна новата сезона во Ла Лига со победа од 3-0 против Алавес, а интереснобеше тоа што на клупата за резерви имаше играчи чија вредност надминуваше 300 милиони евра.

На клупата беа голманот Силесен  (13 милиони), Артуро Видал (19 милиони), Ленгле (35 милиони), Артур (31), Малком (41), Филипе Кутињо (155), како и Рафиња (28).

Ако се знае дека во првите 11 играа Лионел Меси, Луис Суарез, Осман Дембеле, Иван Ракитиќ, Серхио Бускетс… тогаш може да забележите колку е моќен каталонскиот тим.