„Кнезовите“ се предомислија: Анри заминува по три месеци, Монако враќа поранешен тренер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Монако планира да го отпушти легендарниот Тјери Анри, кој по три месеци не успеа да ја поправи формата на екипата.

Францускиот гигант е во катастрофална ситуација, односно се наоѓа во зоната за испаѓање и во вторник испадна од францускиот куп од второлигашот Мец со 1-3.

Во вакви ситуации, прв страда тренерот, па најверојатно Анри во наредните 48 часа ќе го напушти клубот.

Се очекува враќање на Леонардо Жардим, кој во октомври беше отпуштен. Сега клубот повторно ќе му ја даде довербата и ќе бара од него да обезбеди опстанок во лигата.

Тажно ќе делува простувањето на Анри, кој има само две победи во 12 натпревари и ниту еднаш не успеа да триумфира како домаќин.