Кога Гатузо е лут: Не му се приближувајте, зошто може и вас да ве „скрши“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Милан беше лут по враќањето од Џеда. Имено, фудбалерите на Милан синоќа загубија уште една битка против Јувентус.

Во прашање е мечот од Суперкупот на Италија кој е одигран во Џеда, а Јувентус славеше со 1:0 благодарение на погодокот на Кристијано Роналдо.

На тренерот на „Росонерите“, Џенаро Гатузо очигледно поразот му падна тешко, па беше агресивен по враќањето од Саудиска Арабија.

Еден од присутните на аеродромот се обиде да го сними Гатузо додека минуваше покрај него, но тренерот на Милан во таа прилика му го фрли телефонот на под.

Погледнете како изгледаше тоа: