Кога заминува Лучо, заминува и тој – Три гиганти во трка за офанзивецот на Барса!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бразилецот судејќи по се ќе ја напушти Барселона во наредното лето.

Играчот за врска на Барселона Рафиња може да се најде на трансфер листата кога клубот ќе го напушти Луис Енрике.

Каталонскиот Мундо депортиво пренесува дека три клуба ја следат ситуацијата и го сакаат поливалетниот играч за врска во својата екипа…

Скаутите на Ливерпул, Арсенал и Јувентус веќе некое време ја следат играта на Бразилецот и до крајот на сезоната ќе го мерат пулсот и ќе чекаат вистински момент да испратат понуда.

Рафиња е џокер на Лучо, играше на сите позиции во средниот ред, но и како крилен напаѓач, поради што е многу благодарен играч.

Тој е дете на Барселона кој кратко го напушти кога играше на позајмица во Селта, исто така кај Луис Енрике.

Се очекува Барса да го засили средниот ред, но и да доведе десен бек што значи дека Серхи Роберто ќе се врати во средниот ред, па конкуренцијата ќе биде уште поголема, а минутажата на Рафиња уште помала.