Кога Мбапе ќе го вклучи погонот, тешко кој противнички дефанзивец може да го запре


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот крилен фудбалер и сигурно еден од најдобрите играчи на светот, синоќешното дерби против Марсеј го започна од клупата, а шансата за игра ја доби во 62. минута.

Само три минути подоцна Мбапе прими топка од Ди Маија и се најде во дуел, еден на еден со дефанзивецот на домашните Камара.

Во тој момент, очигледно Мбапе го вклучи погонот и го претрча Камара како да не е пред него и тоа без проблеми.

Инаку ПСЖ овој натпревар го доби со 2:0 , а вториот гол го постигна Дракслер.