„Кокаинот од мене направи монструм!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар на Лејкерс, Одом во разговори за медиумите призна дека дрогата му го уништила животот.

Одом пред повеќе од година и пол доживеа 2 срцеви удари и беше пронајден во бесвесна состојба.

„Ја измамив сопругата Кардашијан, но ниту самиот не знам колку афери имав. Дрогата ми ја уби желбата за тренинг и бев на дното. Кокаинот од мене направи монструм.“

„Бев дома и беше досадно, па сакав малку да одам да се забавувам. Многу пиев. Последно што се сеќавам е дека лежев во кревет со две жени и потоа заспав.“

Одом најголема трага остави играјќи за Лејкерс, со кој освои 2 титули во НБА лигата, а настапуваше и за Мајами, Клиперс, Далас и Лаборал.

Овој 37-годишен кошаркар го имаше последниот ангажман во Шпанија во 2014 година.