Колумбија добива легендарен тренер за селектор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луиз Фелипе Сколари добил понуда да биде нов селектор на репрезентацијата на Колумбија.

Сколари кој е тренер на тимот на Палмеирас кој ја освои титулата во бразилската Серија А, истакна дека размислува да ја прифати понудата да го замени Хозе Пекерман, кој си замина од клупата по неуспехот на Светското првенство во Русија.

„Точно е дека има понуда од Колумбија. Тоа е понуда која, сега кога сезоната е завршена, е вредна за размислување“- коментираше Сколари за „ЕСПН Бразил“.