Комедија во Јапонија: Мејведер го расплака Насукава (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешниот традиционален РИЗИН 14 настан во Јапонија, Флојд Мејведер го победи младиот Јапонец, Теншин Насукава.

Тоа беше борба по малку невообичаени правила, а беше планирано дуелот да биде во три рунди по три минути, но заврши мечот во 2.16 од првата рунда.

Јапонецот, кој со своите 20 години е повеќе од двојно помлад од Мејведер, кратко потоа почна и да плаче, откако доби нокаут, а тоа делуваше многу комично.

Во секој случај, ова беше 51. победа за Мејведер во кариерата, но таа нема да биде запишана, зашто ова не беше официјален меч.