Комити повикуваат на бојкот за натпреварот со Фенербахче


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачката група Комити со соопштение на својот официјален фејсбук профил ги повика фановите да го бојкотираат натпреварот со Фенербахче и да не купуваат билети за натпреварот.

Покрај тоа Комити бараат присуство пред јужната трибина на 17.08 во 19:00 часот на кој ќе изразат револт поради ослободувањето на целата трибина за фановите на турскиот клуб.

Соопштението од Комити ви го пренесуваме во целост:

Одлуката на управата на ФК Вардар да ја даде јужната трибина на гостинските навивачи е крајно дрско, несериозно и непрофесионално. Ваквиот однос на управата спрема сите Скопјани, Вардарци , Комити не смее да биде премолчен затоа ВЕ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ засегнати, СИТЕ ВАРДАРЦИ И КОМИТИ, да не купувате билети за натпреварот и да ни се придружите пред јужната трибина на 17.08.2017год. во 19:00 часот за да го изразиме нашиот револт, револтот на сите Скопјани, на сите генерации поминати, на сите оние кои животот го поминаа на југ . Западот ве повикува сите Македонци
17.08.2017, 19:00 сите пред јужна !
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА !!
ЈУЖНА Е ВАРДАР !!
ЈУЖНА СМЕ СИТЕ НИЕ !!!

30 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД