Комплетиран голем трејд на Никс и Маверикс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њујорк Никс и Далас Маверикс комплетираа голем трејд во кој учествуваа дури седум кошаркари.

Раководството на Никси одлучи да се реши од латвиската ѕвезда и нивниот нивниот најдобар играч во последните неколку години Кристапс Порцингс, кој го пратија во Далас.

Покрај Порцингс накај Тексас заминуваат и Кортни Ли, Тим Хардавеј Јр, и Треј Бурк, додека Никси го добија искусниот центар ДеАндреа Џордан, одличниот бек Денис Смит Јр, бекот Весли Метјус и два идни пика на првата рунда од НБА драфтот.

Овој трејд не наиде на одобрување на навивачите на Никси. Разочарани се од одлуката на раководството за овој трејд, но наводно намерите се во текот на летото во оваа екипа да пристигне некоја од големите ѕвезди во лигата.

Исто така, Никси ќе имаат повторно голем избор на драфтот, кој е многу силен, па би можеле конечо во наредната година да го видиме овој тим во доигрувањата.

Но за ова челниците на овој тим мораат многу да направат во текот на летото, бидејќи во Медисон Сквер Гарден веќе со години чекаат да видат напад на шампионската титула во НБА лигата.