Кондогбиа следното лето и официјално ќе премине во Валенсија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џофри Кондогбиа следното лето и официјално ќе стане играч на Валенсија затоа што шпанскиот клуб се одлучи да ја искористи клаузулата и во целост да го откупи договорот на францускиот играч за врска.

Позната е и цената која Валенсија ќе ја плати на Интер за неговите услуги. Шпанскиот клуб на Интер ќе му исплати 25 милиони евра плус Интер ќе добие 30% од следниот трансфер на Кондогбиа.

Поранешниот играч на Монако одлично ја започна авантурата кај „Лилјаците“ и е еден од предводниците на клубот. Французинот на седум натпревари во Ла Лига има запишано два гола и една асистенција.