Кондогбија: Ќе дадам пари само за да не се вратам во Интер!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кондогбија оваа сезона игра добро во дресот на Валенсија, за која настапува како позајмен играч од Интер.

Валенсија на крајот на сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра, но проблемот е тоа што Шпанците немаат толку пари за да платат.

Доколку двата клубови не се договорат, фудбалерот ќе мора да се врати во Италија, но тоа не му се допаѓа.

„Не сакам да се вратам во Интер, ако треба ќе соберам пари и ќе платам од свој џеб 25 милиони евра, но таму не се враќам“, вели тој.