Конечно е позната судбината на Венгер во Арсенал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсен Венгер веќе неколку недели се наоѓа на удар на навивачите на Арсенал кои од него бараат да го напушти тимот.

Арсенал ниту оваа сезона нема да ја освои титулата во ПЛ и навивачите го изгубија трпението со Венгер.

Тој останува без договор на крајот на сезоната, а вчера за медиумите изјави дека наскоро ќе ја соопшти својата одлука.

Медиумите пренесуваат дека Венгер одбил да понуди нов 2-годишен договор кој му го понуди клубот, туку барал да добие договор на уште 1 година. Тоа значи дека сигурно и наредната сезона тој ќе биде тренер на тимот.

Доколку овие информации се точни, тоа сигурно нема да им се допадне на навивачите на Арсенал кои се надеваат дека Венгер ќе замине.

Венгер ја нема освоено титулата во ПЛ веќе 13 години.