Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конте доби поддршка од Абрамович за засилување на тимот, кој од наредната сезона ќе се бори на многу фронтови.
Според медиумите, Челси ќе одвои 70 милиони фунти за 2 играчи на Рома, еден дефанзивец и еден играч за врска.
Џон Тери го напушта Челси на крајот на сезоната, а Конте на негово место би сакал да го види Рудигер кој оваа сезона игра одлично.
А што се однесува до другиот играч, тоа е Наинголан, кој Конте го сакаше уште минатото лето.
Челси испрати неколку понуди пред една година, но тие беа одбиени.
Сепак, ова лето ќе биде тешко Рома да го задржи во тимот, со оглед на тоа дека не му ја зголемија платата која му ја ветија пред една година.