До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челси во 25 коло од Премиер лигата беше поразен на домашен терен од Бурнмут со 3-0, а по натпреварот зборуваше тренерот на клубот, Антонио Конте, кој кажа дека мора да се соочат со реалноста.
„Мораме да бидеме загрижени за тоа длаи ќе завршиме помеѓу најдобрите четири и ќе се пласираме во ЛШ. Тоа нема да биде така, мора да се бориме. Јас сум подготвен за тоа и верувам дека и играчите се свесни дека не чека борба“, вели Конте.
„Имавме одличен однос и одлично се однесувавме до крајот. Да не беше тоа, нашата позиција сега ќе беше уште положба. Ако сакаме да фантазираме, може да кажам дека се бориме за титулата. Сепак, поважно е да се гледа реалноста, а тоа значи пласман во ЛШ“, додава Италијанецот.








