Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италјанскиот стручњак Антонио Конте овие денови се наоѓа во центар на вниманието бидејќи се шпекулира дека ќе ја превземе клупата на Реал Мадрид наместо Жулиен Лопетеги кој вчера доби отказ.
Лопетеги на клупата на кралскиот клуб помина само четити месеци, а после очајните резултати Реал Мадрид синоќа му се заблагодари на соработката.
Шпанските медиуми наведуваат дека Конте е прв кандидат да стане тренер на клубот од Сантјаго Бернабе иако е очигледно дека играчите на Реал не го сакаат баш тоа.
Но, пред неколку моменти Газета дело Спорт објави дека Конте сеуште не планира да се враќа на тренерската работа.
Италјанскиот стручњак ова лето го напушти Челзи и одлучи да земе краток одмор од се, односно порача дека ќе се врати дури кога ќе добие понуда која ќе ги задоволи неговите вкусови.
Наводно, Конте пред Реал Мадрид бил во контакт со Манчестер Јунајтед каде се размислува за судбината на Мурињо.
Газета пишува дека Конте е одлучен да чека расплет на Олд Трафорд бидејќи има желба да го преземе кормилото на Црвените Ѓаволи.
Сепак, тешко е да се очекува дека Јунајтед ќе му даде отказ на Мурињо пред крајот на сезоната бидејќи би требало да му платат дури 30 милиони евра оштета. Дали е ова само начин на Конте да влијае на договорот со Реал Мадрид останува да видиме