Конте подготви големо изненадување: Во јануари доведува фудбалер од Фенербахче


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси е лидер во Премиерлигата, но Антонио Конте сака дополнително да ја засили последната линија веќе во оваа зима.

Почитуваниот ЕСПН, повикувајќи се извори блиски на турскиот клуб, јавува дека Сините сакаат да го доведат стоперот на Фенербахче Симон Кјаер.

Наводно, лондонскиот клуб веќе го контактираше турскиот клуб и наводно наскоро може да дојде до договор.

Оштетата сеуште не е позната, а 27-годишниот Данец настапуваше порано за Волфсбург, Палермо, Рома и Лил.

Челси сака да го ангажира во зимскиот преоден рок, но не е познато колку пари се во игра.

Инаку, најголема желба на Конте беше Леонардо Бонучи, но тој вчера го продолжи договорот со Јувентус.