Коста може да замине – Но, постои еден проблем!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кинезите тврдат дека се договориле со Бразилецот, односно со неговите агенти. И Челси нема да им застае на патот.

Хебеи не се откажа од Диего Коста, но нема да чека лето. Напаѓачот им е потребен веднаш и првиот човек на кинескиот клуб веќе кажа дека постои договор со агентите на фудбалерот.

Тој наводно, иако не кажува ништо, се согласил на сума од 30 милиони по сезона, а потпиша договор на 4 години.

Но, Челси не сака да го пушти, го обвинија дека глуми повреда, а медиумите зборуваа за караницата помеѓу него и Конте.

Јасно, од клубот се демантираа, но Коста тренираше сам, иако Конте ден претходно изјави дека приказната е измислена.

Ситуацијата се смири, а најдобриот стрелец на Челси би можел денес да игра против Хал.

Според медиумите, тој и понатаму сака да замине од клубот, а се сложува да остане во тимот само до јуни.

Кинезите му кажаа дека договорот важи само за зима и дека тој во лето нема да добие договор.

Челси изгледа не може повеќе да се спротиставува, па ја одредија цената.

Кој го сака Коста, било да е Хебеи или Атлетико Мадрид, ќе мора да плати 150 милиони евра.

Нема клаузула, едноставно толку чини Коста и тешко може да се поверува дека Кинезите ќе се согласат на вакво нешто, без оглед на парите кои ги имаат. Јасно е дека тоа би било светски рекорд, па може со сигурност да се каже дека Коста во тимот останува до јуни.