Кошчелни мора да оди на третмани до крајот на кариерата!

Арсенал ќе остане ослабен до крајот на сезоната.

Дефанзивецот на Арсенал, Кошчелни нема да игра во наредниот натпревар против Сандерленд, не сака да ризикува повреда за да биде 100% подготвен за последните 2 натпревари против Евертон и финалето во ФА купот.

Овој 31-годишен стопер имаше состаноци со медицинскиот тим и станува збор за повреда на Ахиловата тетива.

„Имам некои проблеми. Сега е подобро, знам дека тоа е тешка повреда, затоа мора да работите секој ден на неа. Секое утро до крајот на кариерата ќе морам да одам на третмани.“

„Во ред е сега, но кога играме на секои три денови, потребен ми е одмор поради повредата.“

„Едноставно, мора да сте внимателни, ако престанете со третманот, може да биде многу опасно.“