Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Моментално најдобриот стрелец во Серија А, Имобиле игра одлично во дресот на Лацио оваа сезона.
Тој постигна 20 голови во Серија А и 6 голови во ЛЕ, купот на Италија и Суперкупот, а од доаѓањето во Лацио во јули 2016-та година беше стрелец на 52 голови во 65 натпревари.
Неверојатната статистика е доказ дека Лацио направил добар трансфер со тоа што го донел во тимот. А пред да премине Имобиле во Лацио, тој бил на прагот пред Наполи.
Тоа за медиумите го откри поранешниот претседател на Јувентус, Моџи кој во последното интервју изјави дека Наполи помеѓу Имобиле и Паволети го избрал вториот.
„Имобиле пристигна во Лацио во јули 2016-та година, а знам дека тогаш сакаше да го донесе и Наполи. Во тоа време Имобиле беше во Севиља и знаеше дека ќе го смени клубот. Наполи имаше две опции и на крајот го одбра Леонардо Паволети.“