Кој вели дека Гуедеш е незаменлив – Бенфика најде негова замена во Мексико


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Според медиумите, Бенфика тргнала во акција да го донесе Хирвинг Лозано од Пачука.

Популарниот „Чуки“ има 21 година, игра на крилната позиција и од минатата година го носи дресот на Мексико. Досега одигра 12 натпревари и постигна 1 гол за нив.

Ги бранеше боите на својата земја и на ОИ во Рио.

Со 12 постигнати голови даде голем придонес во Пачука при освојувањето на Клаусура минатата година.

Бенфика добро заработи со продажбата на Гуедес и дел од тие средства ќе ги искористи да го донесе овој фудбалер во свои редови.

Тој претходно беше поврзуван и со ПСВ.