Кој го очекуваше ова? Солскјер со петарда во мрежата на Кардиф дебитираше на клупата на Манчестер Јунајтед (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Веднаш по заминувањето на Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед може да се забележат позитивните промени во стилот на играта на „Црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед под водство на новиот привремен тренер, Оле Гунар Солскјер со 1:5 славеше на гостувањето кај Кардиф. Манчестер Јунајтед последен пат дал пет гола на натпревар од Премиер лигата на последниот натпревар на Фергусон како тренер на „Ѓаволите“ кога против ВБА ремизираа со 5:5.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед буквално „танцуваа“ на теренот во текот на сите 90 минути и сосема заслужено забележаа убедлива победа.

Маркус Рашфорд го отвори резултатот уште во 3. минута, на 2:0 зголеми Андер Ерера во 29. минута, а  по десет минути од овој гол судијата досуди непосточеки пенал за Кардиф кој го реализираше Камараса.

Не многу по овој погодок на Кардиф одличен гол даде Ентони Марсијал, а за следните два гола на „црвените“ од Манчестер се погрижи Џеси Лингард.