Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот стручњак Сер Алекс Фергусон веројатно е најзаслужен што за нов тренер на Манчестер Јунајтед е избран Солскер, кој дојде на местотот на Жозе Мурињо.
Мурињо минатата недела доби отказ после серија лоши резултати, а само еден ден подоцна Јунајтед го именуваше за нов тренер Солскер. Некогашниот напаѓач на Црвените Ѓаволи не можеше да го одбие повикот од Олд Трафорд, а англиските медиуми тврдат дека токму Ферги е најзаслужен што тој ја доби работата.
Челниците на Јунајтед на мета имале други тренери, но на крајот Фергусон го имал главниот збор и ги уверил дека Солскер е вистинско решение. Но, англиските медиуми тука не застануваат, се тврди дека со доаѓањето на норвешкиот стручњак нова улога во тимот добил и Фергусон.
Наводно, Фергусон сега има многу повеќе простор да му дава совети, бидејќи Мурињо не ги користел премногу. Фергусон спрема пишувањата на медиумите е советник на Солскер, а доколку се испостави како точно ова нема да биде изненадување што Јунајтед викендот на гости го декласираше Ватфорд со 5-1.