Кој е најзадолжениот клуб во Европа?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е најзадолжениот клуб во Европа, должат дури 536 милиони евра.

Тоа се 200 милиони повеќе од вторите најголеми должници, Бенфика со 336 милиони евра долгови, според податоците кои ги објави УЕФА.

Но Јунајтед немора да се плаши, нивните приходи во 2015 беа 521 милиони евра и со тоа не се во групата на ризични екипи.

Кога споменавме ризични, тоа се Квинс Парк Ренџерс со долг од 279 милиони евра кои тие ги немаат и се 480% повеќе од нивните приходи, како и Фенербахче со долг од 166 милиони евра што е дури 610% повеќе од нивните годишни приходи