Кој за што, ако не Буфон за Јувентус…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Џиџи Буфон во дресот на ПСЖ.

Многумина љубители на фудбалот се уште не можат да се навикнат на ваков призор, а Италијанецот во интервју за Тики Така, откри како дошло до тоа да го напушти Торино и да се пресели во Париз.

„Разговарајќи со Анјели по стресниот период кој долго траеше, сфатив дека да се биде фудбалер и капитен на Јувентус е голема одговорност без оглед што е и голема чест. Мислам дека беше вистинско време да заминам“, откри Џиџи кој истакна дека не размислува за егзотични дестинации.

„Размислував дали да продолжам со играње или да заминам во пензија, но понудата од големиот клуб можеше да ме убеди да играм уште. Заминувањето во егзотична лига не беше опција. ПСЖ ме контактираше во мај, не беше тоа вообичаен избор бидејќи освоив седум во низа титули.

Заминав кога требаше, можеби Јувентус малку се подобри иако тоа значи заминување и на други фудбалери, па го купија Роналдо“, истакна Буфон.