Кражба на директори во Милано: Од фотељата на Нероаѕурите, право кај Росонерите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фасоне и Галијани наголемо бараат за решение за позиција спортски директор, а на листата на кандидати најсериозен е Пјеро Аузилио.

Интер и Милан порано често знаеја да ги изротираат играчите, дури и тие најдобрите во клубот, но сега изгледа стана модерно од едната на другата страна да преминуваат функционери на двата клуба.

Ногата ја повлече поранешниот генерален директор на Интер Марко Фасоне, кој потпише преддоговор со Росонерите по доаѓањето на новата кинеска управа во клубот и ќе биде официјално претставен по завршувањето на превземањето на Милан, но по тој пат може да тргне и неговиот довчерашен соработник Пјеро Аузилио.

Фасоне и Галијани наголемо бараат за решение за позиција директор, а на листата на кандидати најсериозен е токму Аузилио.

Еден проблем за Милан претставува фактот дека челниците на Интер планираат да му понудат нов договор на својот директор, а доколку случајно дојде до компликација, прва алтернатива ќе стане поранешниот директор на Фиорентина Даниеле Праде, чие име веќе се споменува околу Милан.

Наредни алтернаитиви се директорите на Болоља и Сампдорија Рикардо Бигон и Карло Ости. Интересно, не се споменува името на директорот на Рома Валтер Сабатини, кој веројатно на крајот на оваа сезона ќе го напушти Вечниот град.