„Кралот“ се врати и веднаш им донесе победа на Лејкерси во големото дерби


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс во градското дерби синоќа беа подобри од Киперси со 123-120, а средбата секако ја одбележа Леброн Џејмс.

Тој не играше од Божиќ кога се повреди во средбата против Голден Стејт, а Лејкерси од тогаш се мачеа во секој натпревар.

Сепак, откако „Кралот“ се врати, остварена е победа против Клиперси и тоа после продолженијата, а Леброн уфрли 24 поени, со 14 скокови и девет асистенции.

Во Лејкерси го следеше Ленс Стефенсон со 20 поени, додека пак кај Клиперси најефикасен беше Лу Вилијамс со 24 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=5o5bBkE5Sy8