Кралот ЏИЏИ повторно постави рампа и застана рамо до рамо со Кан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали оваа е таа сезона во која Џиџи ќе ја освои ЛШ.

Ова беше вечер на доминација на Јувентус против Барселона, генијалност на Дибала, но и потврда дека Џанлуиџи Буфон е најдобриот голман во светот. Во девет натпревари во ЛШ оваа сезона прими само 2 погодоци, седум пати ја сочува мрежата.

Дибала и Киелини донесоа три погодоци предност, а Буфон беше неверојатен. Суперменска интервенција имаше Буфон кога Иниеста имаше шанса за израмнување.

На вечната листа на голмани со најмногу натпревари во ЛШ се израмни со Оливер Кан на четвртата позиција. Двајцата имаат по 103 во ова натпреварување. Ако Јуве се пласира во полуфинале ќе се израмни со Виктор Валдес на третата позиција. Пред него се Касиљас со 164 и Чех со 111 натпревари.