Крај на драмата во вторник, а еве некои од деталите!


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во наредните 48 часови Санчез ќе стане фудбалер на Манчестер Јунајтед. Мурињо ќе плати повеќе од 40 милиони евра за фудбалер на кој му завршува договорот во јуни.

Џејми Карагер објаснува дека трансферот се случува поради пари.

„Тој може да зборува што сака, но станува збор за пари. Заминува во полош тим, во Сити го чекаше тренер кој знае многу подобро да го искористи неговиот талент.“

Колку пари ќе добива Санчез?

Станува збор за сума од 400.000 фунти неделно, односно неверојатни 23 милиони евра по сезона, а ќе биде најплатен играч во лигата. Тоа е повеќе од сумата која му ја понуди Сити, поточно 350.000 фунти.

Венгер замената за него ја гледа во Гризман, но проблеми може да им направи тимот на Сити.