Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на Рома Франческо Тоти ја завршува кариерата на крајот на оваа сезона.
Иако се шпекулираше дека 40-годишниот Тоти ќе одигра уште една сезона од тоа нема да биде ништо, па Принцот на Рим после 25 години професионална кариера ќе ги закачи копачките на клин.
Оваа вест денеска ја потврди новиот спортски директот на Волчицата Мончи.
„Ова за Франческо Тоти последна сезона во кариерата“, потврди спортскиот директор на Волчицата, и додаде:
„И пред моето доаѓање се знаеше дека ова му е последна сезона, Франческо е Рома и сакам да соработувам со него во наредните години. Неговата нова позиција ќе биде директор“, рече Мончи.
Принцот на Рим комплетната кариера ја помина во Рома.
Иако имаше многу богати понуди од другите екипи, се одлучи засекогаш да го носи дресот на Волчицата и да стане симбол на овој клуб.
Во текот на две и пол децении професионална кариера настапи во 783 натпревари, и постигна 307 голови.
Сигурно дека ќе одигра уште некој меч до крајот на кариерата и дека публиката на Олимпико ќе знае да го испрати на вистински начин.
Последниот меч во дресот на Рома Принцот на Рим ќе го одигра на 28 мај против Џенова.