Кристал Палас донесе голман од Бразил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Кристал Палас потврдија дека постигнале договор со Сао Пауло за позајмица на младиот голман Лукас Пери до крајот на сезоната.

Постои можност тимот предовден од Рој Хоџсон да го обезбеди потписот на 21 годишниот Пери и на перманентна основа по крајот на оваа сезона.

Вејн Хенеси се соочува со забрана за играње во следните пет натпревар поради нацистичкиот поздрав на божиќната вечера, а влече и повреда, а исто така и вториот избор Гуаита е повреден и не се знае кога ќе се врати на терените.

Со тоа Кристал Палас остана само со искусниот Сперони кој се очекува да настапи на следниот натпревар на тимот.