Кристијано во Барса? Фиго тоа нема да го шокира!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веројатно почнувајќи од самиот себе, Луис Фиго смета дека евентуален трансфер на Кристијано Роналдо во Барселона нема да биде ништо чудно ако се случи.

Фиго во 2000 година го направи тоа што ниту малку не е препорачливо, премина од Барса во Реал и така засекогаш остана „персона нон грата“ на Ноу Камп.

Додека тој трансфер не е конечно реализиран никој не ни веруваше дека ќе се случи, а кога се случи настана „хаос“.

„Претседателот на Реал ме контактираше и ми понуди многу подобар договор од тој што го имав во Барселона. Би лажел ако би кажам дека тоа не е единствена причина поради што заминав во Мадрид“, рече поранешниот португалски репрезентативец.

На прашањето дали такво нешто може да се случи и денеска, на пример Кристијано Роналдо да премине во Барса, тој одговори потврдно.

„Ова е слободен пазар, ако Роналдо во договорот има откупна клаузула и ако Барселона се реши да ја активира, нормално дека може да дојде до трансфер“,поентираше Фиго.