Кристијано Роналдо: Нанесена ми е голема неправда, но тие никогаш нема да ме „скршат“

 

 

Стигна официјлана потврда од Шпанската Фудбалска Асоцијација дека, Кристијано Роналдо ќе паузира во првите пет натпревари од најсилната Ла Лига.

Португалецот не е задоволен со оваа одлука и смета дека тој е неправедно казнет. Од Реал Мадрид се надеваа дека ќе им се одобри нивната жалба, но немаше ништо од тоа, па така португалецот ќе паузира до 20 септември.

„Сметам дека тоа е само уште една неправда која ми е нанесена, но тие никогаш нема да ме „скршат“, јас ќе се вратам посилен“ – беа зборовите на Роналдо по изречената казна.