Кристијано Роналдо сам го победи Баерн Минхен на Алијанц – Историска ноќ за најдобриот фудбалер во светот (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Баерн Минхен на Алијанц Арена во првиот четвртфинален натпревар во ЛШ, 1:2.

Гостите од Мадрид ја имаа првата посериозна шанса за погодок кога Бензема шутираше, а Ноер во последен момент ја изваде топката од голот. Во 25-та минута после изведен корнер, Артуро Видал ја затресе мрежата на Навас.

Видал имаше шанса и за втор погодок на натпреварот, но неговиот удар со глава беше непрецизен. Ноер потоа го одбрани ударот на Роналдо. Пред крајот на првото полувреме беше досуден пенал за Баерн Минхен, Карвахал играше со рака во казнениот простор. Стрелецот на првиот погодок, Артуро Видал ја намести топката на белата точка и шутираше високо над голот. Бејл на другата страна се закани со удар од далечина, но Ноер го запре неговиот удар.

На почетокот на второто полувреме Кристијано Роналдо го израмни резултатот. Бејл имаше шанса да направи целосен пресврт, но Ноер фантастично реагираше по неговиот удар со глава. Во 61-ва минута Мартинез доби црвен картон. Ноер фантастично ги бранеше ударите на Бензема и Роналдо.

Во 77-ма минута Кристијано Роналдо го постигна својот втор погодок на натпреварот за водство на Реал Мадрид, 1:2. Марсело имаше шанса за зголемување на водството, но шутираше над голот. На крајот Реал Мадрид победи со 1:2.

Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер кој стигна до 100 погодоци во Лигата на Шампионите.