Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Кутињо изјави дека не би заминувал од Ливерпул доколку го барал било кој друг тим освен Барселона.
Барселона во саботата ја потврди веста дека потпишала договор на 5 и пол години со Кутињо, а медиумите пишуваат дека откупната клаузула може да биде 355 милиони фунти.
Ливерпул ја доби сумата од 142 милиони фунти за овој трансфер.
„Не станува збор за пари, туку за шанса да играм за Барселона и да живеам таму. Дадов се што имав во Ливерпул, секогаш бев на 100%. Го сакам овој клуб, но време е за нова авантура. Имам многу убави спомени и голем број луѓе на кои треба да им се заблагодарам.“
„Разбирам каков предизвик е пред мене и која е цената на трансферот и кој е статусот на договорот. Но ова е за амбиции и соништа. Сакам да играм со најдобрите во светот. Но ќе се вратам во Ливерпул да се простам од играчите, персоналот и луѓето кои ми помогнаа.“
Тој нагласи и дека ќе остане навивач на Ливерпул.
„Клубот е во добра позиција. Клоп на располагање има добри фудбалери. Се радувам да ги гледам кога ќе освојуваат трофеи и ќе славам со нив. Доаѓањето на Ван Дајк е многу важно, Салах исто така е одличен фудбалер.“









