Лампард воодушевен од погодокот на Џеко

Един Џеко блескаше на натпреварот од третото коло во Лигата на Шампионите, каде што неговата Рома ги одмери силите со англискиот Челси.

Неверојатниот натпревар заврши со резултат од 3:3.

Босанскиот репрезентативец играше одлично и два пати се запиша во листата на стрелците.

Првиот погодок беше фантастичен, а после натпреварот свој коментар даде и легендата на Лондонскиот клуб, Френк Лампард, кој што беше воодушевен од босанскиот репрезентативец.

„На тренинг можете да пробате 50 пати таков волеј, но прашање е и тогаш дали ќе постигнете ваков прекрасен погодок“, изјави Лампард.