Лампард ги избра најдобрите двајца играчи со кого играл во ист тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер, Френк Ламапрд мораше да избере пет најдобри фудбалери со кого играл во текот на својата кариера.

Интересно, сите пет играчи на Лампард се од времето кога играше за Челси. Иако мораше да именува пет, Лампард мораше да истакне двајца најдобри.

„На голот би бил Петр Чех, дефинитивно. Без него никогаш не би освоиле ЛШ во 2012. година. Ако некој ме праша да изберам двајца најдобри со кого сум играл, тогаш тие би биле, без дилема, Џон Тери и Дидиер Дрогба, така да и двајцата би биле во најдобрите петмина. Во средниот ред ќе се ставам себеси, а на крилото Еден Азар. Тој е фантастичен играч и сакам да го гледам на теренот“, изјави Лампард.

Потсетуваме дека Лампард во моментов игра за Њјурок Сити, а во текот на кариерата играше 13 години за Челси и една сезона помина на позајмица во Манчестер Сити.